Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе неколку одлуки за системот на натпреварување во следните две сезони.
Од следната сезона, сехалигашите ќе играат и во регуларниот дел од сезоната во Суперлигата, која ќе брои 12 екипи, а по шест потоа ќе играат плеј-оф и плеј-аут.
Од сезона 2021/2022 Машката Супер лига да брои 12 ракометни екипи односно екипите со остварен пласман 1-во до 10-то место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 11-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига од сезона 2020/2021 и победникот од Прва Лига од сезона 2020/2021, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем,
• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем
(домаќин-гостин 2 х 11 кола) вкупно 22 кола.• По завршување на 22-ро коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите
пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6
екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 12-то место ќе ја формираат групата playout.
• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2
х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на
натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот
регуларен дел од одиграните 22 кола , по принципот:1-от пренесува 5 бода
2-от пренесува 4 бода
3-от пренесува 3 бода
4-от пренесува 2 бода
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 12-то место, разигруваат по
еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во
Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот
регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот :7-от пренесува 5 бодови
8-от пренесува 4 бода
9-от пренесува 3 бод
10-от пренесува 2 бодови
11-от пренесува 1 бод
12-от пренесува 0 бодовиПо добивање на конечниот пласман во play-out 1-от и 2-от остануваат во Супер Лига,
3-от игра бараж со 2-от од Прва Лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, 4-от, 5-от и 6-от преминуваат во Прва Лига, а првиот од Прва Лига
влегува директно во Супер Лига.
Покрај тоа беше донесена и одлука за бројот на странските ракометари од сезоната 2022/23, кој ќе биде ограничен на шест, но по две квоти. За сезоната 2021/22 бројката останува на осум странци.
1. Квота А: Максимум 3 (три) странски ракометари по произволен избор на клубовите;
2. Квота Б: Останатиот број до максимум 6 (шест) странски ракометари задолжително да имаат минимум 10 настапи за репрезентација на својата држава.
Клубовите имаат право, сите 6 (шест) странски ракометари да ги ангажираат според спецификациите од (Квотата Б), но немаат право да ангажираат повеќе од 3 (три) ракометари по избор (Квота А).
Ограничувањето за странските играчи се однесува ЕДИНСТВЕНО на националниот систем на натпревари при РФМ, за учество во Европските и Интернационалните клубски натпреварувања, клубовите имаат право да регистрираат неограничен број на странски играчи.
Од сезоната 2022/23 сите суперлигаши ќе имаат обврска да пријават задолжително пионерска екипа во системот на натпреварување, како и кадетска или младинска, или пак и двете.
Сите учесници во Супер Лига (машка конкуренција) започнувајќи од сезона 2022/23 година имаат обврска да пријават пионерска екипа (задолжително) и младинска или кадетска екипа во националниот систем на натпревари при РФМ. Годиштата за право на настап ќе бидат одредени на конференција на клубови пред започнување на натпреварувачката сезона 2022/23 година.
Во сезоната 2022/23, суперлигашкото друштво ќе брои 10 екипи, а потоа најдобрите шест ќе играат во плеј-оф, додека оние најслабите четири ќе разигруваат за опстанок.
Од сезона 2022/2023 Машката Супер лига да брои 10 ракометни екипи односно екипите со остварен пласман 1-во до 8-мо место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 9-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига од сезона 2021/2022 и победникот од Прва лига од сезона 2021/2022, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем.
• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем
(домаќин-гостин 2 х 9 кола) вкупно 18 кола.• По завршување на 18-тото коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите
пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6
екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 10-то место ќе ја формираат групата playout.• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2
х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на
натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот
регуларен дел од одиграните 18 кола , по принципот:1-от пренесува 5 бода
2-от пренесува 4 бода
3-от пренесува 3 бода
4-от пренесува 2 бода
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 10-то место, разигруваат по
еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 3 кола) вкупно 6 кола за опстанок во
Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот
регуларен дел од одиграните 18 кола по принципот :7-от пренесува 3 бодови
8-от пренесува 2 бода
9-от пренесува 1 бод
10-от пренесува 0 бодови
По добивање на конечниот пласман во play-out 1-от и 2-от остануваат во Супер Лига,
3-от од Супер лига play-out игра бараж со 2-от од Прва Лига за опстанок во највисок
степен на натпреварување, 4-от Супер лига plаy-out преминува во Прва Лига, а првиот
од Прва Лига влегува директно во Супер Лига.
За следната сезона, 2021/22 година, нема да има формирање на Втора лига и сите пријавени екипи ќе играат во прволигашкото друштво, а во зависност од бројката ќе се игра во групи.
За сезона 2021/2022 сите екипи согласно остварениот пласман и ново формирани ќе се пријават во Прва Лига во сениорска машка конкуренција , без формирање на Втора Лига.