Репрезентацијата на Литванија во Скопје пристигна со подмладен состав и само со две ракометарки кои настапуваат надвор од границите на земјата за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Светско првенство во Шпанија.
Репрезентативниот состав на Литванија е составен од ракометарки кои доаѓаат од првите три водечки клубови од домашниот шампионат, а своја поддршка ќе имаат од искусните интернационалки, Довиле Илчиукаите и Грета Ринкивичиуте, кои настапуваат во германскиот нисколигаш Аленсбах.
„Поради одредени причини, некои ракометарки не можат да дојдат од странство, неколку што играат во Литванија имаат повреди, а дел од нив имаат други планови. Затоа моравме да го менуваме списокот, но сепак имаме солидна селекција. Имаме пониски ракометарки, ама побрзи, па затоа моравме да ја менуваме и играта во одбрана“, вели селекторот Каролис Каладинскас.
Со млади сили репрезентативките на Литванија ќе се обидат да направат изненадување и да обезбедат бараж место за престојното Светско првенство во Шпанија.
Првиот натпревар го играат денеска против селекцијата на Грција од 19:00 часот, а со Македонија ќе се соочат утре од 17:00 часот. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Првопласираната и второпласираната селекција ќе обезбедат бараж натпревари за пласман на Светско првенство во Шпанија.
Список на Литванија:
Рената Јатулевиче, голман – Егле
Котрина Василиаускаите, голман – Егле
Јурате Жилинскаите, пикер – без клуб
Довиле Илчиукаите, десен бек – Аленсбах (Германија)
Аушра Шпоне, лев бек – Егле
Силвија Мачконите, лев бек – Таурас
Емиле Аглинскаите, дефанзивец – Каскада
Рита Репечкаите, пикер – Егле
Грета Ринкивичиуте, лев бек – Аленсбах (Германија)
Мартина Ваиткуте, лев бек – Жалгирис
Грета Садаускаите, десен бек – Егле
Вилте Лубите, десно крило – Жалгирис
Грета Буркаите, лево крило – Жалгирис
Каролина Спарнаускаите, десно крило – Каскада
Ауксе Свидерскиене, десен бек – Егле
Евита Жилионите, голман – Таурас