Националниот тим би требало да биде комплетен за вечерниот тренинг во понеделник на 8 март и да има три дена за подготовка пред првиот меч.
Од стручниот штаб на новиот селектор Лазаров, на првата прозивка беа присутни Бранко Ангеловски и Билјана Црвенкоска, додека по обврските за викендот во Германија, ќе се приклучат и Филип Миркуловски и Ацо Јоновски.
Манасков, Кузмановски, како и ракометарите од Вардар имаат денеска клупски обврски, а Пешевски има настап за Штугарт во текот на утрешниот ден.
Првиот меч со Данска се игра на 11 март во Скопје од 20:00 часот, додека на 14 март е вториот двобој во Алборг од 16:00 часот.