Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, Иван Марковски на 33 години ја завршува својата играчка кариера поради семејните проблеми. Истите причини го принудуваат и да не направи еден потег во кариерата, кој можеби би однел се во друга насока.
„Реков претходно жалам што прерано ставив крај на кариерата, можев повеќе да дадам за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тлее тоа во мене, и можеби ако тогаш размислува поинаку нешто што би сменил е по тие одлични настапи во Хрватска на 22-23 години наместо во Италија ќе ја прифатев понудата во Адемар Леон заедно со Петар Метличиќ. Тоа е некоја шанса која не ја искористив, а некогаш знам да си помислам – што ако отидев со него? Сè друго не би менувал, би одел по истиот пат. И во Македонија играв и за Вардар и за Металург, по една сезона, кога играа во Лигата на шампионите, но проблемите секаде ме следеа. Можеби требаше да останам во Вардар, имав добра сезона, добри партии против Барселона, Пик Сегед… Во Металург имав пех со повреда, ме донесоа како засилување и не можеа да ме чекаат да се рехабилитирам. Но, среќен сум што од тоа доби шанса Гоце Георгиевски, кој беше моја замена и прерасна во играч каков што е денеска. Интересно е што во моето време во Загреб, Златко Хорват беше млад и перспективен играч, кој ме наследи, дури го наследи и мојот број 13, кој јас го носев во кој клуб и да играв, а потоа стана легенда на Загреб.“
Подолу може да го прочитате целосното интервју со Марковски.
ИНТЕРВЈУ ИВАН МАРКОВСКИ: Мојата генерација допрва ќе го каже своето