Екипата на Металург утре и во вторник ги игра двете средби против Висла Плоцк, а и двата натпревари се играат во Полска.
И за двата дуели официјалните лица кои се делегирани се од Литванија. Судиите се Томас Барисас и Повилас Петрусис додека делегатот е Тадас Јансонас.
Висла Плоцк е фаворит и на двата дуели, а првиот од нив се игра утревечер од 20:45 часот. Вториот натпревар е во вторник, а почетокот е од 18 часот.
На оваа средба Металург отпатува одново ослабен бидејќи недостигаат дел од ракометарите кои се позитивни на Ковид 19 или се повредени.