Денес се одиграа два натпревари во првиот термин во рамките од Лига на Европа.
Данскиот претставник ГОГ на свој терен го пречека Кадетен Шафхаузен и славеше победа со резултат 34:28.
Данците рутински стигна до победата, иако во одредени моменти имаа и криза во својата игра. Предводени од Матијас Гидсел и Симон Питлик имаа водство од 11:7 во текот на 14 минута од натпреварот. Сепак домашните ракометари за 10 минути постигнаа само еден гол, додека Кадетен Шафхаузен со серија од 3-0 го израмни резултатот на 12:12 во последните шест минути од првиот дел. Првото полувреме заврши со резултат 16:14 за ракометарите на ГОГ.
Гостинската екипа преку новиот ракометар, Барток Донат се одржуваше во игра, но сепак неговите голови не беа доволни за поволен резултат. Главно, второто полувреме помина во доминација на домашната екипа и во последните петнаесетина минути успеа да направи убедлива разлика.
Најефикасен во составот на ГОГ беше Симон Питлик со девет голови од исто толку обиди, а во поразената екипа најефикасен беше Барток Донат со шест погодоци. Следен предизвик за ГОГ е гостувањето во Битола на 16 февруари против Еурофарм Пелистер. Кадетен Шафхаузен на 16 февруари го пречекува Тримо Требње.
Екипата на Фуксе Берлин немаше никакви проблеми на гостувањето во Шведска. Бундеслигашот триумфираше со резултат 36:23 против Кристијанштад.
Во текот на целиот натпревар, Фуксе Берлин имаше контрола на резултатот и не дозволи изненадување. На полувреме резултатот беше 11:17 за Фуксе Берлин.
Во убедливата победа најефикасен ракометар во победничкиот табор беше Ласе Андресон со осум погодоци. Во Кристијанштад се истакна Адам Нујфал со пет погодоци.
Следен предизвик за Фуксе Берлин е составот на Ним, додека Кристијанштад гостува кај Динамо Букурешт. Двата натпревари се на програмата на 16 февруари.