ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Македонскиот „крвник“ не мисли на пензија, Скубе оди во Шамбери, Јуринок верен на Брест

  • Плејмејкерот на данскиот Бјерингбро Силкеборг, Себастијан Скубе, на лето ја напушта Данска и се сели во францускиот Шамбери, со кој потпиша договор до 2023 година.
  • 40-годишниот дански интернационалец Ханс Линдберг, го продолжи договорот со бундеслигашот Фуксе Берлин и ќе игра за „лисиците“ до 2022 година. Нашата јавност го памети Линдберг како стрелец на победничкиот гол на дуелот меѓу Данска и Македонија на ЕП 2012 година, а со тој гол ја остави нашата репрезентација без полуфинале.
  • Норвешката голмнка на данскиот Рандерс, Рике Гранлунд, на крајот на сезоната се сели во францускиот Шамбре Турен, со кој потпиша договор на една сезона. Таму ќе ја замени 37-годишната Линда Прадел, која ја завршува кариерата.
  • Еден од најдобрите стрелци на белорускиот првак Мешков Брест, Андреј Јуринок, го продолжи договорот за уште една сезона и ќе игра во тимот на Раул Алонсо до летото 2022 година.
  • Турскиот првак Бешикташ донесе две засилувања во пресрет на продолжението од сезоната. Од катарскиот Ал Ахли доаѓа алжирскиот пикер Хишам Кабеш, додека средниот бек Онур Ерсин се враќа во поранешниот клуб од романската Констанца. Двајцата потпишаа договори до крајот на сезоната.
  • Aвстрискиот интернационалец Лукас Хербургер го продолжи договорот со швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен. Хербургер ќе остане во ривалот на Еурофарм Пелистер до 2023 година.