Мотор Запорожје одигра реми против екипата на Донбас во украинскиот шампионат, 29:29. Иако натпреварот се играше во Запорожје, гостинската екипа беше формално домаќин.
Ова беше прв загубен бод на украинскиот шампион по пауза од шест години. Во последните 30 секунди од натпреварот, Мотор Запорожје го израмни резултатот, а ракометарите на Донбас не реализираа напад за победа.
Мотор овој натпревар го играше без еден од главните ракометари, Ајденас Маласинскас. По 157 победнички натпревари во домашното првенство, Донбас успеа да ја прекине победничката серија на украинскиот шампион.
На табелата Донбас е на лидерската позиција со 23 бодови од 13 натпревари. На второто место се наоѓа Мотор Запорожје со 21 бод од 11 натпревари. Екипата на Донбас има и еден загубен натпревар.