Струга останува без десниот бек: Вук Лакичевиќ потпиша за швајцарскиот Сент Гален

Еден од подобрите стрелци на тимот на Струга во регуларниот дел од сезоната на суперлигашкото друштво, Вук Лакичевиќ, си замина од клубот.

Десниот бек кој има 20 години, кариерата ќе ја продолжи во швајцарскиот тим Сент Гален, со кој потпиша договор на две сезони.

Тој ја почна кариерата во Никшиќ, играше за Челик, Сутјеска и Будуќност, пред да се пресели во Македонија.

Струга сега ќе мора да бара нов десен бек, иако во голем дел од натпреварите на оваа позиција играше десното крило Пеце Рајатоски.