Јанко Кевиќ: Правевме грешки и промашувавме, Вардар погоди сè

Ракометарот кој беше на Светското првенство во Египет, Јанко Кевиќ после натпреварот против Вардар имаше свое видување за направеното. Причината за поразот ја најде во големиот број на технички грешки и промашените зицери.

„Слабо го отворивме првото полувреме. Многу се баравме во средбата. Со оние играчи кои беа на Светското првенство не сме уиграни.  Тоа најдобро се виде во првите 15 минути кога Вардар направи три гола предност и со истата замина на одмор. Во второто полувреме успеавме да се консолидираме. Одигравме подобро и во одбрана и во напад.  Мислам дека пресудија техничките грешки, промашивме три пенали, а Вардар погоди сè. На крајот нема што да се додаде. Се обидовме, но предноста беше за Вардар“, коментираше Кевиќ.

Тимот на Нексе после две одиграни средби има два бода, а следниот дуел во СЕХА лигата ќе го има на 6 март кога во Нашице го пречекува составот на Мотор Запорожје.