Ракометарите на Вардар ги очекува пресметката против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице во регионалната СЕХА лига.
Стратегот Стевче Алушовски на овој дуел нема да смета на услугите на Робин Кантегрел и на повредениот Кристијан Дисингер, кој има истегнат мускул.
По краткиот одмор по настапите во Египет, во ростерот се враќаат Иван Чупиќ и Патрик Валчак.
На голот покрај Ристовски, ќе биде и младиот Марко Кизиќ, кој исто така подолго време беше надвор од составот.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра вечерва од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.