Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски од оваа сезона има двојна функција во германски Вецлар, како играч и како тренер.
Дециден е дека сака да остане во ракометот, но дали со ваквата двојна улога полека најавува крај на играчката кариера или ова темпо ќе потрае, засега е непознато. Делува расположен и отворен за сите опции.
„Ако сакам да останам во ракомет, најидеално е преку тренерска кариера, па затоа ќе се обидам да се фокусирам на тренерската работа. Претходно како играч не мислев многу на таа тема, затоа што според мене тренерската работа, особено во ракомет е многу тешка. Знаеме дека има само две силни лиги, Француската и Бундеслигата, другото останати се десет тима од Југоисточна Европа и тешко е да се пробиеш како тренер.Но убава шанса ми се овоможи во Вецлар, па ќе видиме што ќе биде. Што се однесува до крај на кариерата и тоа уште не се знае. Следната сезона ќе имаме нов тренер, но зборував и со него, и тој сака да имам двојна функција, да бидам и на терен и во соблекувалната со играчите, да тренирам за да бидам фит, ќе видам како ќе се одвиваат работите.“
Подолу погледнете го целосното интервју со Миркуловски…
ИНТЕРВЈУ ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ: За Македонија сум секогаш тука да помогнам!