Една од легендите на Металург, Филип Миркуловски, по крахот на шампионската екипа во 2015 година беше еден од ретките кои не се обидоа преку ЕХФ и преку суд да ја бараат правдата.
„Не, не го направив тоа! Не го тужев Металург иако сите ме советуваа да го сторам тоа. Сакав на подруг начин да ги решам работите, можеби и ќе има разврска, сè уште се чека, никогаш не се знае. Мислам дека тие тужби и влечкање по судови е само губење на време. Во контакт сме со претседателката на Металург, има волја од страна на клубот да вратат дел од долгот, се трудат и колку може се прават обиди, но ќе видиме кога ќе дојдам јас на ред“, се шегува на своја сметка Миркуловски.
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Миркуловски…
ИНТЕРВЈУ ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ: За Македонија сум секогаш тука да помогнам!