По неучеството на Светското првенство во Египет и отказите за Јан Филип и Даниел Кубеш, Чешка има нов селектор.
Станува збор за искусниот стратег Растислав Тртик, кој ќе ја води чешката селекција до крајот на квалификациите за Европското првенство.
Во конкуренција на Русија, Украина и Фарски Острови, Тртик ќе треба да ја однесе Чешка на континенталниот собир.
Tртик во моментов е тренер на полската екипа Горњик Забже, а претходно долго време го водеше Татран Прешов. Има работено и во германските Мелсунген и Емпор Рошток.
Чесите поради коронавирусот се уште немаат одиграно ниту еден натпревар од квалификациите, а првите средби би требало да ги имаат во март.