Ракометната федерација на Македонија е во потрага по нов селектор за А-националниот тим по разделбата со Данило Брестовац, а според мислењето на поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски домашен тренер ќе биде најсоодветно решение во моментов.
„Имаме смена на генерација и треба да бидат вклучени помлади ракометари во работата на А националниот тим па според мене најдобро ќе биде тој некој да е македонски тренер, што ги знае младите домашни играчи и идни репрезентативци, кој ќе знае кој играч колку може да даде во даден момент, и некој кој ја познава целокупната ситуација во Македонија и во мак-ракометот, што, како и со што располагаме“, вели Миркуловски.
Комплетното интервју со Миркуловски прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ: За Македонија сум секогаш тука да помогнам!