Металург и Тиквеш дадоа 63 гола

Тимот на Металург по поразите од Вардар и Беса, и ремито со косовскиот тим, славеше на последниот натпревар пред патувањето во Москва.

Во Автокоманда, металурзи славеа над Тиквеш од Кавадарци во натпревар со 63 постигнати погодоци, 33-30.

Металург го чекаат натпревари од Лигата на Европа против Чеховски Медведи, Тулуз, Висла Плоцк, Фиверс и Адемар Леон.

Кавадарчани, пак, се подготвуваат за борбата за опстанок во суперлигашкото друштво, која ќе започне во првиот викенд од март.