Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор, при гласањето ќе изберете идеален тим, најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона. Нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ го подржаа изборот.
По завршувањето на есенската полусезона, односно регуларниот дел од Суперлигата, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната. Поради коронавирусот и многу одложени натпревари, а дел од нив не се одиграа во планираните термини, изборот за МВП на колото оваа полусезона беше на пауза.
Но, затоа 24Ракомет, единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот во соработка со нашите пријатели од „ИЗВОРСКА“ ќе ви овозможиме да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата млад играч номинирани се:
МАРКО МИТЕВ – Средниот бек ја игра втората година во суперлигашка конкуренција и покажува дека Бутел Скопје има одличен спој со искусниот Печенковски на средната бековска позиција
ДАНИЕЛ АНДОНОВСКИ – Откако не добиваше голема минутажа во Охрид и Вардар Јуниор, Андоновски покажа дел од своите квалитети во составот на Прилеп. Покажа и дека не е само одличен дефанзивец, туку и дека може да игра и во напад.
ТЕОДОР ТОДЕСКИ – Левиот бек на Металург не добиваше преголема минутажа, но тоа време што го мина на теренот беше доволно да ја убеди јавноста дека сериозно треба да се смета на него.
МАРТИН ИВАНОВСКИ – Ракометарот на Охрид оваа полусезона покажа дека посериозно треба да се смета на него и на неколку натпревари ја имаше клучната улога во нападот на тимот што не изгуби ниту еден бод
ЕМИЛИЈАН ЃОРГОВСКИ – Членот на ГА КЛ7 можеби не беше секогаш прва опција во нападот во есенската полусезона, но со право е сметан за еден од најталентираните ракометари во неговата генерација за кој допрва ќе се слуша.
Гласањето ќе биде отворено до 31 јануари 2021 година до 12 часот, а за најдобрите по позиции можете да гласате на линкот подолу.