Репрезентативците на Русија секој ден добиваат нови забрани и тие се наоѓаат во незгодна ситуација пред заминувањето за Египет каде ќе играат на Светското првенство.
Откако добија забрана за да настапуваат под знамето на својата земја и пред натпреварот да им биде интонирана химната како реакција на санкциите од Светската антидопинг агенција (ВАДА).
Kако што е познато, Русија има забрана за настапување под знамето и името, како и да се интонира химната на големите натпреварувања од страна на Меѓународниот олимписки комитет. Позитивните допинг случаи му нанесоа голем удар на спортот во Русија. Поради овие санкции сега од ИХФ има и зголемување на забраните. Ракометарите не само што нема да можат да играат под знамето на Русија туку нема да можат ниту во хотелот каде ќе претстојуваат да бидат во официјалната облека.
Ова е ново изненадување за Русите така што и тие не можат да сфатат до каде ќе одат овие забрани.
„Се работи за големо лудило. Немаме право да одиме во униформа со националните симболи дури ни во хотелот, ни во собите. Забраната се однесува исто така и за химната“, вели генералниот директор на Ракометната федерација на Русија, Лев Воронин.
Според она што е веќе познато, на Светското првенство во Египет, репрезентацијата на Русија ќе настапи под името „Тим на Ракометната федерација на Русија“. Место националното знаме, на дресовите и тренерките ќе може да се користи само амблемот на Ракометната федерација односно знаме со бела позадина и лого до кое нема да има никаков друг натпис.