Билал Шуман ќе ја води Босна и Херцеговина до 2024 година

Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина и селекторот на машката ракометна репрезентација, Билал Шуман, ја продолжија соработката до 2024 година.

Босна и Херцеговина ја очекуваат две средби против Естонија од квалификациите за Европското првенство во 2022 година, а пред нив навивачите добија убава вест.

„Нашите цели се јасни, а тоа е селекцијата на Босна и Херцеговина да биде учесник на европските и светски првенства. Примарна цел во ова тешко време е да ја поддржиме младинската селекција за добивање на потенцијални идни репрезентативци”, изјави Шуман.

Собирот на репрезентацијата на БиХ е закажан за 3 јануари, а таму ќе бидат присутни и двајца ракомеари од македонскиот шампионат.

Станува збор за средниот бек од Металург, Марко Тарабокија и левиот бек на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар.

Првиот дуел со Естонија се игра во Полва на 6 јануари, додека вториот е во Бугојно на 10 јануари.