Прволигашите го дознаа распоредот за опстанок во лигата (ФОТО)

Денеска во просториите на Ракометната федерација беше извршена ждрепката за редните броеви во плеј-оф и плеј-аут конкуренцијата од Суперлигата и од Првата лига.

Во разигрувањето за опстанок во Првата лига, која од следната сезона ќе брои 10 екипи ќе играат екипите што во регуларниот дел од оваа конкуренција беа пласирани од 5 до 8 место во групите А и Б.

Натпреварите би требало да започнат на крајот на февруари, а ќе се игра по еднокружен систем (дома-гости) или вкупно 14 кола.