Екипата на Металург одигра уште еден од заостанатите натпревари од Групата Б во Супер машката лига и денеска го совлада составот на Младост со …
Ова беше натпревар во кој неизвесноста траеше само 5-6 минути. Гостите успеаја дури и први да поведат, но не можеа да сторат нешто повеќе. Откако домашните влегоа во ритам дојде до израз квалитетот и почна создавањето на разлика.
До крајот на првиот дел водството стана двоцифрено, па на одмор тимот на Металург замина со 11 гола предност и резултат од 21:10.
Како одминуваше времето во второто полувреме така стануваше јасно дека на оваа средба ќе нема поголем проблем за Металург. Иако странците не беа на терен бидејќи добија слободно после вчерашниот дуел против Фиверс, сепак, и во состав со домашни ракометари Металург доминираше.
Во текот на целата средба предноста беше голема, па така беше и до крајот. Имаше мало опуштање поради кое второто полувреме заврши со израмнети 16:16, но ова беше и повеќе од доволно за победа на Металург. На крајот беше 37:26 за Металург со што сосема очекувано беа освоени нови бодови.
За Металург остануваат уште две средби в петок против ГРК Тиквеш и в недела против Бутел Скопје кога ќе биде завршен есенскиот дел од сезоната.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ГРУПА Б
ТАБЕЛА