Ристо Чокрев, како претседател, имал привилегија да го води Металург во време кога „жареше и палеше“ низа Европа.
Од анонимен скопски клуб стигна до најдобрите осум во најсилното клупско натпреварување во светот. А, потоа само година дена откако ја прослави јубилејната 40-годишнина од работата во клубот, си замина.
„Проблемите со играчите почнаа пред моето заминување, а таа ситуација продолжи и по мене. Нашето разидување беше наметнато од ситуацијата. Јас веќе бев немоќна фигура во сето тоа. Сите договори со играчи беа потпишани од мене и на некој начин чувствував некоја вина во сета работа дека не можам да ги исполнам обврските кои беа ветени кон играчите. Кога ќе се случи беспарица тогаш настануваат и проблемите и кавгите и едноставно Минчо Јорданов сметаше, или барем јас така мислев, дека ние треба да се повлечеме (старата гарнитура), а тој да превземе. Разделбата беше пријателска, Металург ќе биде секогаш мој клуб, целиот живот ми мина таму. Тогаш се случуваше и трансформацијата во АД и така се совпаднаа работите. Во некои првични преговори целата администрација требаше да влезе во тоа АД, но кога се случуваше трансформацијата голем дел од работите не се остварија. Болно ми беше тоа дека нема да продолжам со клубот. Бев убеден дека поради некои мои недоразбирања со Минчо, па можам да кажам и Лино, на кој му бев голема поддршка како логистика и тренер, се случи тоа. Од друга страна Лино не беше само тренер, тој беше повеќе од тоа и неговиот директен контакт со Минчо создаде еден вакум каде мојот авторитет што сум го стекнал во клубот веќе не беше на сила, со тоа се загуби и целата смисла и хиерархија и јас се повлеков“, објаснува Чокрев и додава: „Имав привилегија да го водам клубот во период кога ги постигнал најголемите успеси и менаџирав со сериозен буџет, кој бил основа за сето тоа. Верувам дека и моите следбеници да ги имаа истите услови, а да не направеа ништо ќе можеше да им се замери, но тие влегоа во сосем поинакви услови, од кои јас си заминав. Видов дека нема да имаме моќ да го следиме Вардар во тој процес.“
Во продолжение прочитајте го целото интервју со Чокрев.
ИНТЕРВЈУ РИСТО ЧОКРЕВ: Вардар во Европа го направи она за што Металург сонуваше