Металург во времето на Ристо Чокрев важеше и за клуб-репрезентација, затоа што главната сила на националниот тим доаѓаше од „Автокоманда“, со поддршка на Кирил Лазаров и Борко Ристовски како интернационалци, и Столе Стоилов од Вардар.
Но и Борко и Столе биле играчи и на Металург, а нивното заминување Чокрев го смета како грешка на клубот.
„Со Вардар бевме големи ривали, а кога си во ривалство, не се бираат сретства. Меѓусебно си земавме играчи, со тоа се обидувавме да си покажеме сила едни на други. Но, заминувањето на Борко Ристовски од Металург, како и на Стојанче Стоилов, кој е дете на Металург, од наши редови стана македонски репрезентативец, тоа е грешка на клубот. Борко беше и е неспоред квалитет, неговата кариера го потврдува тоа. Но, тој не признава авторитет и не сакаше да прифати некои методи на Червар. Тоа е однос меѓу тренер и играч, но кога се разви во конфликт Борко беше жртвата. Минчо беше тој кој одлучуваше дали ќе замине Лино или Борко, а тренерот веќе ги имаше поставено работите во правец во кој требаше да се развива клубот. Истото се случи и со Столе Стоилов, капитенот на Вардар, со сите титули е голема грешка на Металург што го пушти да си замине. Столе е дете на Металург и според мене заминувањето на Столе во Вардар беше лош потег на клубот. Дозволивме наше дете да замине, но тука одново беше ситуација или Столе или Лино. Јас се трудев до последен момент Столе да остане, но Минчо го поддржа Лино и тука бев немоќен“, се потсетува Чокрев.
Во продолжение прочитајте го комплетното интервју со Чокрев.
ИНТЕРВЈУ РИСТО ЧОКРЕВ: Вардар во Европа го направи она за што Металург сонуваше