„Иднината на македонскиот ракомет е во КЛ7“

Како „стар лисец“ во оваа работа го прашав Ристо Чокрев ако претходно Металург бил „базата“, во која клупска средина сега ја гледа иднината на македонскиот ракомет, со оглед на тоа дека сите клубови работат во едни тешки, ненормални, пандемиски услови.

„КЛ7 – според мене како клуб, иако не успеаја да се најдат во плеј-офот, се еден од поорганизираните клубови во Македонија, дури не заостануваат ни зад овие водечките. Поставени се квалитетни кадри со Бошковски и Црвенковска како тренери, финансиски стабилни и организациски силни. Ме потсетуваат на Академијата на Металург, па и на Вардар со неговите младински школи, но од овие средини играчи се распрскани, не успеаја да ги задржат. По потезите и ангажманот верувам дека Кире е расположен да се посвети на клубот по завршувањето на кариерата и токму затоа тука ја гледам иднината на македонскиот ракомет. Ако КЛ7 продолжи со ваков начин на работа, без да ги омаловажам Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, па и Охрид, кои имаат некои школи од кои не знаеме какви играчи ќе излезат, мислам дека тие се најперспективен клуб и приказна. Истото мислење го имам и за Работнички односно екипата што претходно беше Вардар Јуниор која ја водат Пепи Манасков и Стојан Петрушевски.“

Интервјуто со Чокрев прочитајте го подолу.

ИНТЕРВЈУ РИСТО ЧОКРЕВ: Вардар во Европа го направи она за што Металург сонуваше