Во Групата 1 ситуацијата ќе биде многу појасна после одигрување на натпреварот меѓу Франција и Шведска. На Франција и е доволен бод за да го потврди своето место во полуфиналето бидејќи во случај да загуби постои опција со која и Русија и Данска можат во битката за медалите.
Како што е ситуацијата во моментов Франција е фаворит против Шведска и не се очекува ништо друго освен победа. Сепак, сè е во опција. Затоа во случај Франција да победи или средбата да заврши со реми тогаш во директен дуел Русија и Данска решаваат кој оди во полуфинале. Во оваа ситуација реми и одговара на Русија, а Данска само со победа може понатаму.
Доколку Франција загуби денеска од Шведска, тогаш Данска да победи за да се најде и пред Франција и пред Русија. Во таков случај Данска ќе биде првопласирана, а за Русија и Франција ќе одлучува гол разликата бидејќи во меѓусебниот дуел ремизираа.
За разлика од Групата 1 во Групата 2 веќе е јасно дека Норвешка оди во полуфинале како првопласирана и го чека второпласираниот од другата група.
Затоа, пак, за второто место во групата ќе биде максимално интересно. Селекциите на Хрватска и Германија ќе се надигруваат во терминот од 18:15 часот. На Германија и треба победа над Хрватките за да дојдат до можност да играат во полуфинале. Сепак, Хрватките одмораа од саботата и тоа им дава можност денеска да одиграат посилно така што тие се во предност.
Во секој случај има многу математика пред одигрувањето на последните средби од групната фаза на ЕП, а утре и задутре ќе биде слободен ден на Европското првенство за в петок да следуваат дуелот за 5. место и натпреварите од полуфиналето.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНОТО КОЛО ОД ВТОРАТА ФАЗА
ГРУПА 1
16:00ч
ЦРНА ГОРА – ШПАНИЈА
18:15ч
ФРАНЦИЈА – ШВЕДСКА
20:30ч
ДАНСКА – РУСИЈА
ТАБЕЛА: 1. Русија 7 бода (113:99); 2. Франција 7 (101:96); 3. Данска 6 (106:88); 4. Црна Гора 2 (96:101); 5. Шведска 1 (96:108); 6. Шпанија 1 (94:114).
ГРУПА 2
16:00ч
ХОЛАНДИЈА – РОМАНИЈА
18:15ч
ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА
20:30ч
УНГАРИЈА – НОРВЕШКА
ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 бода (138:93); 2. Хрватска 6 (101:103); 3. Холандија 4 (106:110), 4. Германија 4 (104:114); 5. Унгарија 2 (97:108); 6. Романија 0 (83:101).