Селекторот на бразилската репрезентација, Маркус Тата Oливеира, го објави скратениот список на 20 ракометари кои ќе бидат дел од Мундијалот во Египет.
Од нив дури 17 се интернационалци, а само тројца настапуваат за најдобриот домашен клуб – Таубате.
Меѓу интернационалците тука се двајцата екс вардарци, Рожерио Мораес и Жозе Толедо, потоа двајцата членови на Барселона – Тијагус Петруш и Ханиел Лангаро, па средниот бек на Татран – Педро Пачеко…
Бразил на СП е во група со Тунис, Шпанија и Полска.
Од 1995 година па наваму, бразилската репрезентација има континуитет на настапите на светските собири, а најголем успех им е деветтото место на последното СП во Германија и Данска.