Голем пресврт во Колдинг – светскиот првак Холандија на колена пред Србинките!

Репрезентациајта на Србија во дуел со Холандија го одигра првиот натпревар на првенството откако имаше проблеми со коронавирусот и одигра фантастично, додека во групата Б, Шпанија и Шведска одиграа максимално израмнет натпревар.

Србија одигра возбудлив натпревар и славеше против Холандија 29:25 со голем пресврт откако по првиот дел имаше негатива од 9:15. Иако имаа голем пех во повредата на Лекиќ, Србинките се издигнаа и остварија голема победа.

После слабото прво полувреме во вториот дел селекторот на Србија ја смени тактиката и одигра со седум на шест во нападите што донесе резултат. Со серија од 6:0 се вратија во игра, а во завршницата подобро се снајдоа и стигнаа до првата победа на првенството.

Катарина Крпеж Слезак ја предводеше Србија до победата со одлично издание особено во второто полувреме, постигна 11 гола и беше прогласена за играч на натпреварот. Во репрезентацијата на Холандија, Даник Снедлер со пет гола беше најефикасна, а не помогнаа ниту 15 интервенции на Тес Вестер.

Во вториот меч од вечерниот термин Шведска и Шпанија одиграа нерешено 23:23 по голема борба. Шведска имаше добар старт, поведе со 6:3 но Шпанија брзо се врати и израмни. До полувремето Шпанија обезбеди предност од 13:10.

Неизвесноста и борбата на теренот продолжи и во вториот дел, екипите го менуваа водството, а во последната минута Родригез погоди за нерешено и поделба на бодовите. Поради остар старт додека ривалките изведуваа удар од девет метри на петнаесетина секунди до крајот, црвен картон доби Лара Гонзалес.

Тоа значеше и удар од седум метри за Шведска, кој Петрен не го реализира. Шпанскиот селектор Карлос Вивер викан тајм-аут на десетина секунди до крајот, но неговите избранички не успеа да создадат добра позиција за шут и Пена биеше само крај голот, па мечот заврши реми, 23:23.

Токму Нереа Пена беше најефикасна во репрезентацијата на Шпанија со шест гола, додека во тимот на Шведска Мелиса Петрен беше прв стрелец со осум гола.

Нов хендикеп за Србија: Лекиќ заврши во болница во Колдинг! (ФОТО)