Нов хендикеп за Србија: Лекиќ заврши во болница во Колдинг! (ФОТО)

Како да им беше малку неизвесноста околу позитивните корона тестови и настапот на ЕП, српските репрезентативки многу веројатно ќе продолжат на континенталниот собир без Андреа Лекиќ.

Поранешниот среден бек на Вардар заработи повреда на натпреварот од првото коло против Холандија во Колдинг.

Најверојатно настрада Ахиловата тетива, а Лекиќ во солзи беше изнесена од теренот и заврши во болница. За каква дијагноза станува збор и колкава ќе биде паузата останува да видиме во следниот период.

По лошиот прв дел, светскиот првак Холандија води со шест голови разлика, 15-9, па на Србија нема да и биде воопшто лесно во продолжение. Од групната фаза им остануваат средбите со Хрватска и Унгарија.

Србинките не тренираа два дена откако дојдоа во Данска и беа во своите соби во исчекување на резултати од тестовите, па мораа веднаш на терен на тежок натпревар.