Некогашниот ракометар на Вардар и Металург, Стеван Вујовиќ, во продолжението од сезоната ќе игра во Катар.
Тој пред неколку дена го раскинат договорот со украинскиот шампион чии бои ги бранеше од стартот на минатата сезона.
Вујовиќ ќе настапува во тимот на Ал Рајан, кој од клупата го предводи поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски.
Црногорскиот репрезентативен бек покрај за двата македонски клуба играше за Црвена Ѕвезда, Ловќен, Антекера, Вецлар, Балмазујварош и Констанца.
Мотор Запорожје остана без поранешниот член на Вардар и Металург