Деспина од почеток до крај во предност, сигурно до нови бодови

Составот на Деспина забележа уште една победа, а овој пат тоа го направи против тимот на Шампион со 26:18.

Во натпревар во кој домашните беа во постојана предност победата не беше никаков проблем. Деспина поведе од првиот напад, а гостинките израмнија на 1:1.

Од овој момент Деспина беше во постојана предност. Во ниту еден момент не беше дозволено противникот да се врати во игра. Постојаното водство беше зголемено на крајот од првото полувреме кога беа обезбедени пет погодоци разлика и на одмор се замина со 15:10.

Вториот дел од средбата веќе беше со цел да се зачува водството, кое беше и сочувано и зголемено. На тој начин Деспина успешно се избори за плус осум на крајот и конечни 26:18 што беше доволно за да може составот од Прилеп да освои нови бодови.

ДЕСПИНА – ШАМПИОН              26:18 (15:10)

Сала: СОУ „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Александар Стевановски од Битола.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристевска, Боризоска, Гулеска 1, Рипилоска 1, Камческа 2, Димоска 1, Цветкоска 1, Спирскоска 1, Димитрова 3, Цаневска, Седлоска 7, Миноска, Аризанова, Конеска 5, Филипоска 3.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.

ШАМПИОН: Велковска, Маја Петровска, Т. Богоевска 2, Петровска 2, Бадаровска, Богоевска 2, Стојановиќ, Јовановска, Бојковска, Миа Петровска 8, Ристевска, Филипова 4.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 12 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207