Црногорскиот репрезентативец Стеван Вујовиќ не е повеќе член на украинскиот шампион Мотор Запорожје. Иако некогашниот бек на Вардар и Металург имаше договор до крајот на оваа сезона, сепак тој е спогодбено раскинат.
Вујовиќ кариерата би требало да ја продолжи во Катар. Тренерот на Мотор, Гинтарас Савукинас, на левата бековска позиција ги има Дмитро Горига, Игор Турченко и шпанскиот интернационалец Карлос Молина.
30-годишниот Вујовиќ во два наврати беше дел од Вардар, од 2007 до 2009, а потоа и во сезоната 2011/12, а во Автокоманда играше во 2015 година.
Во богатата интернационална кариера настапуваше за шпанската Антекера, германскиот Вецлар, француската Селеста, унгарскиот Балмазујварош, а пред Мотор играше во романската Констанца.