Стандардното тестирање на коронавирус пред натпреварите од Лигата на шампионите, покажа три позитивни случаи во хрватскиот првак Загреб.
Тоа значи дека „плинарите“ одат во карантин, вторпат оваа сезона и тој ќе трае десетина дена.
Одложени ќе бидат натпреварите против Мотор во Запорожје од 8 коло што требаше да се игра утре, како и оној против Нант што требаше да биде одигран на 2 декември во Загреб.
Претходно ЕХФ го одложи двобојот меѓу Мешков Брест и Фленсбург, а нема да биде изненадување ако денеска слушнеме за уште некоја одложена средба во елитното натпреварување.