Неагу го наполни голот на Ростов Дон, но гостинките си заминаа со победата

Ракометарките на Ростов Дон имаа победничко гостување во Романија каде што против тимот на ЧСМ Букурешт обезбедија триумф од 27:22.

Ова беше дуел за првото место во Групата А, а победата воедно беше доволна за да може тимот на Ростов Дон без поголеми проблеми да се зацврсти на врвот.

Ростов Дон имаше предност од почетокот на средбата, а победата ја реши уште во првите 30 минути. Создадената позитива од шест гола, 16:10 воедно беше доволна за да може да се дојде до посакуваниот триумф. Тимот на ЧСМ Букурешт не можеше да следи така што имаше голема негатива.

Во вториот дел од натпреварот работите останаа речиси исти бидејќи домашните успеаја само да намалат, а тоа беше премалку на овој дуел така што остана победата за гостинскиот состав.

Сосема очекувано Вјахирева беше ракометарката која имаше најмногу голови во редовите на Келце. Таа постигна пет гола, додека по четири имаа Зада Деуна, Манагарова и Боршченко. Кај домашните 11 гола имаше Неагу, но тоа не беше доволно.