Пред одигрувањето на новите натпревари од Лигата на Европа одново дел од клубовите се соочуваат со проблеми со позитивни тестови на Ковид 19.
Новиот тим кој нема да може да игра е Фуксе Берлин кој мораше да го одложи и натпреварот против Флензбург поради позитивни случаи кај ракометарите.
„ЕХФ го исполни нашето барање за одложување на натпреварот против Спортинг закажан за вторник. Нашиот тим сè уште е во карантин и играчите повторно ќе бидат тестирани в понеделник и в среда“, вели извршниот директор на тимот, Боб Ханинг.
Играчите кои први беа позитивни после ЕХФ неделата бепа Марјан Михалчик и Милош Вујовиќ, па затоа мораше сите да одат во изолација.