Првиот селектор на Македонија, Славе Атанасовски – Чаве направи една интересна паралела меѓу трите репрезентативни генерации кои се имаат сменето во изминативе три децении и ја даде и формулата за успех.
„Ако погледнам наназад онаа селекција претходно со Миркуловски, Мојсовски, Димовски… Сите тие беа во Металург и само го чекаа Лазаров да дојде. Многу е подобро и полесно кога го чекаш само тој еден да дојде и да го воиграш во тимот. Додека за онаа прва генерација, како и за оваа сега времето е кусо. Додека да се соберат и да се воиграат поминале денови и се пропуштила шансата. Клуб-репрезентација за нас е особено важен. Тоа ни го донесе 5. место на ЕП во Србија, кога беше Металург. Како пример го имаме и Кометал Ѓ.П. кај дамите, тоа ни се најсвежи докази дека кај нас тоа е најдобро решение.“
Целосното интервју со Атанасовски може да го прочитате во продолжение…