Тренерот на Металург Зоран Кастратовиќ повеќе не е тренер на Металург. Утринава откако им заврши карантинот по две недели, беа направени тестирањата на сите челнови на тимот. Потоа тренерот ја вратил опремата и се поздравил со играчите и управата.
„Причината е финансиска. Девет месеци немам примено плата. Тоа е премногу, изјави Кастратовиќ. „За се друго немам замерка, но…
Кастратовиќ пристигна лани во Автокоманда и успеа да го косолидира тимот, и сезонава и да избори пласман во групната фаза од Лигата на Европа откако мина две квалификациски кола. Екипата од Автокоманда донесе и неколку засилувања пред почетокот на сезоната, меѓу кои и легендата на хрватскиот шампион Загреб, Златко Хорват.
Поранешниот македонски првак има доста финансиски проблеми последниве години и мака мачи со редовна исплата на платите и другите трошоци. Дел од играчите што заминаа од клубот потврдуваат дека се уште им се должи од претходните сезони, а незадоволство постои и кај сегашните ракометари повторно поради неисполнување на договореното.
Ma каква криза во Металург: Хорват добил плата поголема од таа во Загреб – и пола пари однапред
Oд Металург тврдат: Ниту еден играч, па ни Хорват не побарале пари однапред