Салиу и Тасески донесоа победа и плеј-оф за Јехона

Тимот на Јехона и официјално обезбеди пласман во плеј-офот од Првата лига, откако вечерва славеше против Кичево со 43-35. Иако Борец може да се израмни со нив на табелата, сепак гостиварскиот тим има победа во меѓусебниот дуел и го освои четвртото место на табелата.

По почетните 1-1 и 2-2, Јехона се одлепи на 6-2, но до крајот на полувремето Кичево успеа да намали на минус два, 20-18.

Во вториот дел упорните кичевци, предводени од играчот-тренер Дејан Михајлоски, кој собра дваесетина одбрани израмнија на 24-24.

Но потоа ракометарите на Јехона заиграа посериозно, а Кичево немаше сили за нов камбек во натпреварот и победата остана за избраниците на Фари Селмани, 43-35.

Најдобри стрелци во тимот од Гостивар беа Адис Салиу со 11 и Мојсие Тасески со девет голови, а кај Кичево освен голманот Михајлоски се истакнаа Кристијан Смилески со девет и Кристијан Анѓелевски со седум голови.