Гледајте ги ВО ЖИВО натпреварите од Првата лига (ЛИНКОВИ)

Со натпреварите од 7. коло кои треба да се одиграат денеска во Велес и во Неготино завршува еснскиот дел од сезоната во Првата машка лига. Веќе е јасно дека од двете групи има по три екипи кои си обезбедија место во плеј-офот и прашање е само кој ќе им се придружи.

Во Групата А уште претходно беше јасно дека Аеродром и Драчево одат понатаму, додека Шампион од вчера влезе во оваа група на плеј-оф учесници. Јехона е најблизу до пласман во плеј-офот, но теоретски шанси уште има и за тимот на Борец.

Од тимовите кои се дел од Групата Б уште минатиот викенд пласманот го потврдија Скопје 2020, Металург РА и Куманово, додека Текстилец, Вардар Неготино и Делчево Вардар ќе имаат уште надежи.

Сепак, поради тоа што двете средби на неготинци се одложени ќе се почека за затворање на плеј-оф списокот и ќе мора прво да се одиграат овие дуели, па потоа да се имаат сите осум тимови за плеј-оф.

Група А

12:15 часот, РИНИА М – ШАМПИОН
14:30 часот, ПРЕСПА – АЕРОДРОМ
16:45 часот, ЈЕХОНА – КИЧЕВО
19:00 часот, ДРАЧЕВО – БОРЕЦ

Група Б

12:15 часот, СКОПЈЕ 2020 – ТЕКСТИЛЕЦ

14:30 часот, КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ РА

16:45 часот, ПАРТИЗАН – МАКЕДОНИЈА ЃП