Шампион со победа си завери место во трката по Супер лига

Во деби сезоната во сениорска конкуренција тимот на Шампион успеа да се избори за четири победи во шест кола и на едно коло до крајот од есенскиот дел да успее да стигне до доволно бодови кои гарантираат место во плеј-офот. Денеска клучната победа беше забележана против Јехона со 36:34.

Ова беше дуел на две екипи кои се тркаат за плеј-оф, а Јехона останува последната шанса да ја бара утре кога мора да дојде до победа против тимот на Кичево.

Денеска и двете екипи добија по едно полувреме. Ракометарите од Гостивар успеаја да бидат подобри во првите 30 минути. Имаа нешто повеќе од играта и направија резултат кој не им даваше гаранција за мирно продолжение. И двете екипи се менуваа во водство, но Јехона замина на одмор со 18:17.

Сепак, уште од стртот на второто полувреме се виде дека тимот на Шампион е решен рано да го одлучи побендикот. Набрзина беше направена предност, а најголемата беше при 27:20 кога веќе можеше  да дојде и до опуштање.

Со контрола на резултатот до крајот на средбата не се дозволи враќање, па Јехона остана без бодови. На тој начин Шампион завери плеј-оф, но голема е веројатноста дека утре и Јехона ќе го направи истото и ќе го затвори списокот на учесници во плеј-офот напролет од Групата А.

ШАМПИОН – ЈЕХОНА  36:34 (17:18)

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Виктор Јованов и СтојанчеАнгеловски од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

ШАМПИОН: Ступар, Димовски, Ивчески, Игнов , Мишоски 4, Дрпљанин 5, Миноски, Стефановски, Налетовски, Мојсовски 3, Марковски 5, Миланов 9, Стојановски 7, Манојлоски, Иванов, Станиќ.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 16 мин.

ЈЕХОНА: Стојаноски, Николоски 6, Кузмановски, Андриески, Јованоски, Дукоски 9, Тасески11, Лазарески, Салиу 1,Ахмети, Бошковски 2,Столески 1, Живкоски, Костовски 4.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 12 мин.