Екипата на Бутел Скопје дојде до победа од 30:25 на пресметката со Еурофарм Пелистер 2 откако во текот на сите 60 минути имаше контрола на играта и на резултатот.
Откако во првите неколку напади составот на Еурофарм Пелистер 2 израмнуваше редовно некаде на средина од првото полувреме дојде првото зголемување на разликата.
Тогаш Бутел Скопје поведе со 8:4, а овој резултат даде можност за да се одигра помирно во продолжение. До крајот на првиот дел, сепак, до крајот на првиот дел работите дојдоа малку попозитивно за составот на Еурофарм Пелистер, па на полувреме беше 13:11.
Во продолжение од натпреварот домаќинот одново зголеми. Дојде до плус пет гола и оваа предност ја одржуваше. Дополнителен проблем за гостите беше повредата на Стефан Талевски, кој при доскок заработи повреда на зглобот и предвреме ја заврши средбата.
Оттаму до крајот гостите останаа само на иста негатива, па овој дуел го доби Бутел Скопје со 30:25 и на тој начин се задржа на максимум во досегашниот дел од сезоната.