Денеска во 11:00 часот во канцеларијата на ЕХФ, ќе се одржи ждрепката за третото коло во Купот на ЕХФ и Лигата на Европа во женска конкуренција.
Единствен македонски претставник во оваа конкуренција е тимот на Куманово, откако претходно Чаир беше елиминиран од српската Наиса Ниш.
Кумановки се најдоа во прв шешир и ќе добијат противник од следните тимови – Наиса Ниш, која со две победи го елиминира составот на Чаир, тука се двете турски екипи Муратпаша и Измир, украинскиот првак Галичанка, хрватскиот Бјеловар, косовскиот Истогу, црногорскиот Рудар и тимот од Малта – Кавалеири.
Ждрепката стартува во 11:00 часот, а ќе може да ја гледате на линкот во продолжение…