Металург цел ден на пат – преку Белград и Париз до Тулуз!

Лошите авионски конекции до францускот град Тулуз го принудија тимот на Металург целиот денешен ден да го потроши на пат.

Рано утринава, без двајцата позитивни на коронавирус, металурзи заминаа за Белград, од каде што ги чека лет за француската престолнина Париз во 13:00 часот.

Оттаму пак вечерва во 18:35 часот ги чека уште еден лет до крајната дестинација Тулуз, каде што треба да пристигнат околу 20:00 часот.

Натпреварот меѓу Тулуз и Металург се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.