Во Франција е актуелно големото ширење на коронавирусот низ ракометните клубови, а секој ден се објавуваат нови случаи.
Поради новиот бран, тимот на Тулуз, реши следните два наптревари на домашен терен да ги игра без публика.
Тоа значи дека првиот европски натпревар по шест години, Тулуз против Металург, ќе го одигра без поддршка од навивачите.
Мечот меѓу Тулуз и Металург се игра во вторник на 20 октомври со почеток во 20:45 часот, а во групата А се уште и Чеховски Медведи, Фиверс, Адемар Леон и Висла Плоцк.