Дерби во Делчево, Металург РА на двобој со Вардар Неготино

Две од трите екипи кои имаат максимални шест поени после првите две кола во Групата Б од Првата машка лига, Металург РА и Вардар Неготино денеска го имаат дуелот на денот.

И двата состави играат добро на стартот од сезоната, но ќе треба многу повеќе во продолжение од шампионатот доколку сакаат да бидат високо позиционирани на крајот од регуларниот дел од сезоната.

На предизвик ќе биде и третиот тим со максимални шест бода, Скопје 2020, кој ќе игра против составот на Делчево Вардар. Тука скопјани останува да покажат дека резултатите не се случајни и дека се подготвени за повисок дострел.

Инаку, за разлика од Групата А, во Групата Б постои поголема израмнетост на врвот на табелата и јасно е дека фаворитите веќе се издвоени, но и дека ќе треба уште многу за да се остане на позициите кои водат во плеј-оф.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ТЕКСТИЛЕЦ – КУМАНОВО           19:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР НЕГОТИНО – МАКЕДОНИЈА ЃП               31:26 (ИЗВЕШТАЈ)

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – МЕТАЛУРГ РА         28:43 (ИЗВЕШТАЈ)

ПАРТИЗАН – СКОПЈЕ      21:35 (ИЗВЕШТАЈ)

ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО

НЕДЕЛА, 11 ОКТОМВРИ

12:30ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТЕКСТИЛЕЦ

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Цветомир Јовановски од Скопје.

14:45ч

МЕТАЛУРГ РА – ВАРДАР НЕГОТИНО

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

17:00ч

СКОПЈЕ 2020 – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

19:15ч

МРК КУМАНОВО – ПАРТИЗАН 2016

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Златко Локнвенец од Скопје.

Натпреварите се играат во салата „М. М. Брицо“ во Делчево.

ТАБЕЛА: 1. Металург РА 6 бода (+24); 2. Скопје 2020 – 6 (+21); 3. Вардар Неготино 6 (+10); 4. Куманово 3 (+2)…