Скопје 2020 е дебитант, но веќе има две победи

Дебитантот во Првата машка лига, Скопје 2020 дојде до втора победа по ред откако денеска во „Автокоманда“ го совлада составот на Партизан со 35:21.

Скопје 2020 беше подобриот противник во поголемиот дел од средбата. Имаше далеку подобра игра после почетниот израмнет тек. При 4:4 дојде до првата предност за Скопје која даваше надеж за мирно продолжение. Со 5:0 практично работите беа решени.

После 9:4 за Скопје веќе немаше поголеми проблеми во продолжението да се одигра мирно и разликата да се зголеми до седум гола на полувремето за 17:10 на паузата.

Тука веќе беше решен победникот, па во продолжение од средбата само беше довршена задачата во која составот на Партизан немаше сили да парира. Скопје 2020 знаеше како да стигне до триумф од високи 14 гола разлика така што со ова се стигна до нови бодови и веќе сериозно може да се смета на овој тим за место во плеј-офот.

ПАРТИЗАН – СКОПЈЕ 2020           21:35 (10:17)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

ПАРТИЗАН: Костадинов, Џалев 1, Д. Узунчев 5, Гетов 3, Кимов, Велев, Ангелов, Вегов 3, Т. Узунчев 8, Ангов, Маренчев, Р. Узунчев 1

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 10 мин.

СКОПЈЕ 2020: Стојкоски, Бајрамоски 1, Мишевски 6, Чакалиќ 7, Тркалевски 2, Димитријевски 3, Србиновски 2, Грујовски 1, Трајчевски 3, Пешевски 4, Димчевски, Киселовски 5, Трифуновски, Блажевски 1, Михајловски.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 12 мин.