Металург РA лесно се справи со Делчево

Ракометарите на Металург РA немаа проблеми да запишат нови бодови против екипата на Делчево која настапи со само девет ракометари. Младиот тим на Металург славеше убедливо со 43:28.

Само во првите дваесетина минути натпреварот беше израмнет сè до резултат 10:10, тогаш Металург ја започна серијата од 5:0 и го направи првото повисоко водство. Веднаш потоа со уште една слична серија ракометарите од Автокоманда обезбедија водство од 22:14 на полувреме.

Во вториот дел Делчево немаше сили да се врати во натпреварот. Металург РA лесно го контролираше резултатот а разликата постојано растеше, многу брзо достигна двоцифрена предност, а на крајот и убедлив триумф од 15 гола.

Ова беше втора победа на ракометарите на Металург РA после триумфот над Партизан на првиот турнир. Најефикасен во составот на Металург РA со 10 гола беше Филип Димовски, а Давид Мелоски постигна седум. За тимот на Делчево по шест гола постигнаа Ѓорѓиев, Јанков и Стоиловски.

ДЕЛЧЕВО – МЕТАЛУРГ РА 28:43 (14:22)

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Војо Христовски и Блаже Михајлов. Делегат: Ѓорѓи Дучков.

Делчево: Лазаревски, Ѓорѓиев 6, Јанков 6, Велков 3, Дамјанов 2, Чучуроски, Тренчевски 1, Стоиловски 6, Манов 4.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 2 мин.

Металург Ра: Димевски 10, Фидановски, Стојанов 3, Тричковски 6, Христоски 5, Брестовац, Трајкоски 4, Мелоски 7, Николов 4, Андреевски, Ристовски 1, Прцуловски 3, Ацевски, Петровски, Додиќ, Мијатовиќ.

Седмерци: 0/1. Исклучувања: 8 мин.