Екипата на Порто после поразот во првото коло од тимот на Елверум забележа триумф во вториот дуел сезонава во Лигата на шампионите и на домашен терен го совлада составот на Мешков Брест со …
Никола Митревски е ракометарот кој ги водеше своите колеги до победа против тимот од Белорусија со високиот процент на одбранети удари. На крајот заврши со 13 интервенции и над 36 проценти одбрани така што ова беше само доказ за неговата одлична партија.
Мешков Брест се покажа сосема очекувано како добар ривал и долго беше во трка за бодови. Сепак, Митревски и колегите беа подобри и тоа го искористија на теренот. Имаа целосна контрола во текот на сите 60 минути и успеаја да стигнат до триумф од 27:25.
Уште во првото полувреме разликата беше три гола, а потоа во вториот дел истата се одржуваше за на крајот да се освојат првите бодови сезонава.
Инаку, најефикасни во Порто беа Мартинс, Ареја и Магаљаеш со по пет гола, додека во Мешков Брест, Паниќ со девет гола беше најефикасниот.