Левото крило Мартин Страновски иако потпиша договор со неговиот матичен клуб Нове Замки и планираше пензија од елитниот ракомет, сепак се чини повторно ќе заигра во Лигата на шампионите.
По заминувањето од Татран Прешов, словачкиот интернационалец имаше опции да продолжи во Франција или Германија, но коронавирусот не му донесе трансфер што го посакуваше Страновски.
Но унгарскиот ПИК Сегед поради повредата на Стефан Сигурмансон, кој нејасно е кога ќе се врати на терен, реши да го ангажира Страновски.
34-годишното лево крило кое најдобрите моменти од кариерата ги имаше во Адемар Леон и Барселона, ќе формира ветеранско дуо заедно со капитенот Јонас Калман.
ПИК Сегед е ривал на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.