Тестовите на коронавирусот на сите спортски екипи веќе им станаа како дел од секојдневието.
Ракометарите на Вардар покрај тоа што се тестираа пред поаѓањето за Задар, истото го направија и денеска.
Пред враќањето во македонската престолнина со автобус, вардарци мора да имаат негативен тест при патувањето низ Србија не постар од 72 часа, па денеска ја завршија и таа обврска.
Вечерва ќе имаат тренинг, а утре со почеток во 20:30 часот ќе се игра натпреварот против Веспрем во големото финале на СЕХА лигата.