Ја заврши кариерата на 22 години за да се посвети на тетовирање!

Еден од најтелентираните млади ракометари од Словенија, Доминик Озмец кој настапуваше во клубот Ормож одлучи да стави крај на кариерата на само 22 години.

Играчот кој ги помина сите младински категории во репрезентацијата на Словенија изненадувачки за сите, одлучи да се посвети на нешто друго наместо да ја продолжи ракометната кариера.

Озмец е најперспективниот ракометар на левата крилна позиција во земјата, но оваа вест ги шокираше сите, а најмногу луѓето во клубот Ормож. Доминик Озмец во иднина ќе побара нови предизвици во својот живот, а едно од нив е тетовирањето.

Од клубот му се заблагодарија на младиот ракометар за досегашната соработка со надеж и понатаму да остане голем поддржувач и дел од клубот.